ЗА НАС

Компанијата Интер Мак од Велес е компанија во приватна сопственост, основана во 2000 година. Основна дејност е собирање, преработка и пласман на шумски плодови како што се: печурки, плод од смрека, боровнка, капина и др.

Интер Мак овозможува постојано (full time) вработување на скоро 25 луѓе и ангажира околу 100 сезонски работници. Имајќи ја во предвид еколошки чистата околина без индустриско загадување каде производите се собираат, само го зголемува нивниот извонреден квалитет, вкус и лековитост. Интер Мак во своите објекти располага со комори за разладување, комори за чување на замрзнатата роба како и тунел за длабоко замрзнување, сушара, калибратор и др.